Скопје 06. мај 2018. / 16:00

Детали за пожарот во Аеродром, гори зграда на ул. Владимир Комаров“

Детали за пожарот во Аеродром, гори зграда на ул. Владимир Комаров“

Пожар избувна во подрумските простории на зграда во повеќекатница ул. Владимир Комаров во Аеродром, јавува МИА.

На местото веќе се наоѓаат шест противвпожарни возила, а полицијата го блокира пристапот на улицата и запрен е сообраќајот.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во подрумските простории од каде што излегува чад.

Граѓаните од зградата и од соседните згради се излезени надвор.

Од полицијата соопштуваат дека пожарот бил пријавен околу 14.10 минути и оти се уште не се знаат причините за пожарот.