Скопје 14. октомври 2019. / 11:07

Дератизација против глодари во општина Аеродром

Дератизација против глодари во општина Аеродром

Во општина Аеродром во тек е редовна есенска дератизација за уништување на глодари. Акцијата се спроведува во соработка со Центарот за јавно здравје, а ќе бидат опфатени 3.000 шахти и поставени 9.000 мамци.

Дератизацијата, како што информираа денеска од општина Аеродром, е почната од минатата недела и ќе трае во следните три недели.

Со дератизацијата ќе бидат опфатени и сите основни училишта и градинки на територија на општината.

Надлежните ги предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на отровот на отворено, да не го допираат.