Скопје 11. March 2019. / 14:42

Денеска во Скопје се одбележуваат 76 години од депортацијата на македонските Евреи

Денеска во Скопје се одбележуваат 76 години од депортацијата на македонските Евреи

Денеска во Скопје се одбележуваат 76 години од депортацијата на македонските Евреи, во организација на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот. Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во името на македонската Влада положи цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи кои во 1943 година беа присилно собрани во просториите на тогашниот Монопол и беа испратени во логорот на смртта Треблинка.