Скопје 20. февруари 2021. / 13:11

Денеска во 18 часот скопјани ќе се простат од Балашевиќ пред Универзалната сала

Денеска во 18 часот скопјани ќе се простат од Балашевиќ пред Универзалната сала

Откако српските медиуми ја пренесоа веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, пејач, кантавтор и глумец, Балканот се збогува со него.

Денеска и скопјани со собир пред Универзалната сала со почеток во 18 часот ќе му оддадат почит на големиот Балашевиќ.

Во Нови Сад од синоќа почнаа да се собираат луѓе кои со болка ја пееја неговата песна „Кад одем“, а знамињата на градските инситутции беа спуштени на половина копје во знак на жалост.