Скопје 19. јануари 2021. / 11:41

Денеска се затвора ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло

Денеска се затвора ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло

Четирите пациенти сместени во оваа клиника ќе се преместат во друга. Од вчера е затворен ковид-центарот на Клиниката за очни болести, а од денеска ќе се затвори и тој на Клиниката за уво, нос и грло.

Таму во моментов се хоспитализирани 4 пациенти и тие во текот на денешниот ден ќе се префрлат во друг клиника, информираше Министерството за здравство.

Затворањето доаѓа откако се бележи намалување на бројот на хоспитализирани пациенти. Според денешните извештаи, во ковид-центрите во Скопје се сместени помалку од 300 пациенти, а во болниците во цела држава се хоспитализирани.

Бројот на слободни кревети, пак, изнесува 621.