Скопје 25. јануари 2021. / 16:00

Денеска без вода корисниците од Хиподром 2

Денеска без вода корисниците од Хиподром 2

Без вода денеска ќе бидат корисници од скопската населба Хиподром 2, информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Како што се наведува во соопштението на претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради стопирање на мрежа од Ф-250 милиметри во Хиподром 2 и ќе трае до санирање на дефектот.