Денеска, од 13:30 часот, без вода се корисниците од улицата „Перо Наков”, односно индустриската зона, „Вера Радосављевиќ”, „Боривое Милошевски”, „Димче Милошевски” и „Зендел Џемаил” во Општина Гази Баба.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улицата „Перо Наков” бб (во близина на поранешна А1 телевизија).
Корисниците ќе бидат без вода сѐ до санирање на дефектот.