Скопје 09. октомври 2020. / 08:00

Денеска без струја повеќе скопски општини, а без вода дел од Центар

Денеска без струја повеќе скопски општини, а без вода дел од Центар

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска  без електрична енергија ќе останат корисниците во делови од Аеродром, Ѓорче Петров, Центар и Гази Баба.

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците на ул. Тодор Чангов – подулици бр. 41, бр. 43, бр. 45, бр. 47, бр. 49 и бр. 51 во општина Аеродром, од 09:00 до 11:30 часот корисниците од улица Шидска, во општина Ѓорче Петров, и од 09:00 до 13:00 часот, корисници од дел од ул. Шарски Одред во општина Центар.

Прекин во снабдувањето со струја во период од 09:00 до 14:00 часот, ќе имаат корисниците од ул. Јани Лукровски, општина Гази Баба, од 09:00 до 15:00 часот, ул. Орце Николов бр. 84, бр. 86 и бр. 88, општина Центар и од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ѓорче Петров бр. 28, Домот за стари лица и објектите во околината о општина Ѓорче Петров.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречик од Ф-80 мм на ул. Антоние Грубишиќ бр. 8, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Антоние Грубишиќ и ул. Пиринска во општина Центар.