Скопје

Денеска без струја делови на Сопиште, Гази Баба, Чаир, Сарај…

Денеска без струја делови на Сопиште, Гази Баба, Чаир, Сарај…

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат: од 8.30 до 13.30 часот, селото Горно Соње. ( Општина Сопиште ) од 8.30 до 14.30 часот, корисниците од селата: Смилковци, Страчинци, Виниче, Раштак, Булачани и Црешево ( Општина Гази Баба ) од 8.30 до 15 часот, корисниците од дел од улицата Панче Неделковски поточно објектите со парните броеви: од 48 до 70, како и со броевите: 53, 57 и 61 ( Општина Чаир ).

Без струја од 8.45 до 11 часот, ќе бидат и корисниците од дел од ул. Вера Јоциќ (Општина Кисела Вода ), од 9 до 15 часот, корисниците од село Батинци, улиците со бр.4, 6 и 7 (Општина Студеничани ), од 10 до 12 часот- корисниците од селата: Чајлане и Семениште (Општина Сарај ), додека од 11 до 15.30 часот, струја ќе немаат дел од улиците: Емил Зола и Виктор Иго ( Општина Кисела Вода).