Скопје 09. октомври 2020. / 08:30

Делови од улицата „Васил Ѓоргов“ од денеска затворени за сообраќај

Делови од улицата „Васил Ѓоргов“ од денеска затворени за сообраќај

Град Скопје информира дека од утре по 18 часот делови од улицата „Васил Ѓоргов“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај поради градежни активности на улицата.

Возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа, а од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.