Скопје 04. октомври 2020. / 22:28

Делови од скопски Карпош утре без вода

Делови од скопски Карпош утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради поврзување на нова линија Ф-150мм на ул. „Варшавска“ бб, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Варшавска“, „Ташкентска“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Хелсинки“ и згр. 105 на булевар „Партизански Одреди“ во Општина Карпош.

Прекинот во водснабдувањето ќе трае од 9 часот, па до завршување на работите.