Скопје 02. март 2019. / 12:26

Делови од Карпош утре без вода

Делови од Карпош утре без вода

Поради санирање дефект на шибер ф-200 мм, крстосница од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ со улицата „Њу Делхиска“ во Карпош, утре ќе биде прекинато водоснабдувањето за потрошувачите од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ зградите бр 70, 70-а, 72, 72-а, 74 и 74-а, од Општина Карпош.

Како што соопштија од РЦУК-Скопје, по известување од ЈП Водовод и Канлизација, прекинот ќе трае од 09:00 часот до санирање на дефектот.