Скопје

Делови од Аеродром, Ново Лисиче, Припор, Сопиште…ќе останат без вода од 20 часот

Делови од Аеродром, Ново Лисиче, Припор, Сопиште…ќе останат без вода од 20 часот

ЈП Водовод и канализација информира дека поради реконструкција на водоводна линија ф700 кај новиот кружни тек меѓу ул. Христо Татарчев и бул.Србија (последна 24-ка) вечер од 20 часот до завршување со работа без вода ќе останат следните населби: Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – станбените објекти над  5-ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол, како и дел од Кисела Вода на ул. Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. Борис Трајковски и дел од бул. Србија (од новиот кружен тек до бул. Борис Трајковски).

Проекцијата на ЈП Водовод и канализација е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило во периодот од 08 до 14 часот наредниот ден 11.08.2018 година (сабота).

„Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП Водовод и канализација – Скопје за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода, а уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат“, се вели во соопштението.