Скопје 12. јануари 2021. / 09:18

Делови на Центар денеска без вода

Делови на Центар денеска без вода

Денеска делови од Општина Центар ќе бидат без вода.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник Ф80 мм на улицата Димитрије Чуповски бр. 24, од 9 часот до завршување со активностите прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица на потегот од улицата Мито Хаџи Василев Јасмин до улицата Св. Климент Охридски (општина Центар).