Скопје 26. јули 2020. / 13:43

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот

По повод 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, делегација од Кабинетот на Претседателот, Стево Пендаровски, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот на Градските гробишта Бутел во Скопје. 

Цвеќе полоши и делегацијата на Владата, во чии рамки на одбележувањето на 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Овој земјотрес, кој траеше 20 секунди, однесе 1.070 човечки животи, беа повредени најмалку три илјади лица, а околу 200 илјади скопјани останаа без покрив на главата.