Скопје 02. октомври 2018. / 22:59

Дел од жителите од населбата Центар утре без вода

Дел од жителите од населбата Центар утре без вода

Корисниците лоцирани на улицата „Црвена Вода“ 33 во населбата Центар утре од 9 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради поврзување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Црвена Вода“ 33 во населбата Центар.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.