Во ек на пандемијата со корона вирус некои од скопските општини соопштија дека обезбедиле дезинфекциски средства со кои ќе се прскаат влезовите на колективните станбени згради.
Општините Центар, Кисела Вода се меѓу оние кои бараат од своите жители, поточно заедници на станари, кои се заинтересирани да биде дезинфицирана нивната зграда да пријават во месните заедници на општината. Оттаму потсетуваат дека, за колективни станбени згради се сметаат зградите со минимум осум станбени единици.
Темелно ќе се дезинфицираат влезовите, ходниците, заедничките простории и лифтовите, сѐ со цел намалување на опасноста од ширење на зарази, вируси и бактерии, вклучително и вирусот Ковид 19.
Мерките што ги преземат општините се дел од Владините препораки во насока на превенција и заштита од вирусот Ковид-19.