Скопје 02. јануари 2020. / 17:58

Дел од Скопје утре ќе остане без вода

Дел од Скопје утре ќе остане без вода

Од ЈП „Водовод и Канализација“ најавија дека на ден 03.01.2020 година (петок), заради остранување дефект на водоводна цевка со пречник 80мм на улица „Мирче Мацан“, бр.17, без водоснабдување ке бидат корисниците на улица „Мирче Мацан“ и „Ново Маало“, од 08:00 часот до отстранувањето на дефектот.

Овие улици се наоѓаат во општина Центар.