Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од Маџари, Хиподром и Трубарево.
ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради скината цевка од страна на странка/фирма ф-250 мм на улица „Благоја Стевковски” бб.
Корисниците ќе бидат без вода од 14:20 часот, па се до санирање на дефектот.