На скопските улици се цртаат тридимензионални (3-Д) пешачки премини. ЈП „Улици и патишта“ деновиве почна со изведување на ваков пешачки премин улицата Самоилова кај Музејот на современа уметност, а во наредниот период ќе се бележат и други локации кои се посочени како црни точки, пренесува СДК.
Овие пешачки премини создаваат оптичка илузија која ги тера возачите да ја намалат брзината на возилата.
Според планот предвидено е тридимензионален пешачки премин да се нацрта на улицата Борис Сарафов во населбата Ѓорче Петрoв, каде мината недела беше прегазено 10 годишно дете, како и низ други улици и булевари каде се вози со голема брзина и се црни точки во Скопје.