Скопје 08. јуни 2020. / 21:15

Четворица позитивни од Центарот за јавно здравје – Скопје

Четворица позитивни од Центарот за јавно здравје – Скопје

Двајца епидемиолози и двајца техничари вработени во скопскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) се позитивни на корона вирусот.

Директорот на ЦЈЗ, Арбен Зибери, на прес-конференција соопшти дека тие се во добра здравствена состојба, на домашно лекување од каде ги извршуваат своите работни задачи.

Нашите епидемиолози од дома телефонски вршат анкетирање – изјави Зибери, кој додаде дека сите останати епидемиолози во Центарот за јавно здравје се тестирани и се негативни на коронавирусот.

Прашан за тоа во кои институции и компании се вршени тестирања на вработени, Зибери изјави дека тестирани биле и вработени во Управата за јавни приходи, каде позитивна на вирусот е директорката Сања Лукаревска, во Трудовата инспекција, каде имало еден вработен позитивен на корона вирусот, како и вработени од неколку институции на Градот Скопје, од каде исто така има неколку кластери.