Скопје 25. јуни 2020. / 22:40

Царовска на средба со жители од Центар

Царовска на средба со жители од Центар

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска вечерва се сретна со претставнички на општинската организација од Форумот на жени во Центар.

Царовска разговараше за сите актуелни прашања поврзани со родовата еднаквост и јакнењето на жените при што истакна дека на претстојните избори СДСМ како партија која што носи нови вредности на претстојните избори учествува со 50:50 жени и мажи на листите за кандидати за пратеници.