Скопје 28. август 2020. / 15:41

Брзата помош со девет возила ќе патролира низ Скопје за време на празникот Успение на Пресвета Богородица

Брзата помош со девет возила ќе патролира низ Скопје за време на празникот Успение на Пресвета Богородица

За време на празникот Успение на Пресвета Богородица, службата за итна медицинска помош ќе работи со девет медицински екипи на подрачјето на град Скопје, а во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот.

Во услови кога Итната медицинска помош регистрира од 80 до 100 интервенции дневно, а зголемување е забележано кај бројот на транспорти, кои изнесуваат и до 30 во тек на денот, од оваа служба апелираат на строго придржување до превентивните  мерки како единствен начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот.