Расте бројот на заболени од жолтица во Скопје. Досега се регистрирани 78 случаи а најмногу има во скопската општина Сарај каде не е исклучена можноста скопскиот центар за јавно здравје да прогласи епидемија.
Петровец и Студеничани се новите скопски општини каде се прошири заразната жолтица. По прогласување на епидемија во населбата Даме Груев пред новогодишните празници, епидемиолозите од скопскиот центар за јавно здравје будно ја следат и состојбата во Сарај каде досега евидентирале 19 случаи со хепатит А меѓу кои и двајца браќа близнаци.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од каде посочуваат дека извршени се вонредни инспекциски надзори во сите училишта во градот во кои има заболени ученици и издадени се решенија за преземање превентивни противепидемиски мерки.
– Пред почетокот на зимскиот распуст извршени се и контролни надзори по издадените решенија. Во континуитет ќе продолжиме со надзорите во сите воспитно образовни установи, потенцираат од ДСЗИ.
Во врска со зголемениот број заболени од жолтица, од ДСЗИ истакнуваат дека се во постојан контакт со Центарот за јавно здравје Скопје од каде секојдневно добиваат податоци за состојбата со Хепатит А и постапуваат согласно своите надлежности и препораките на Центарoт.