Вкупно 280 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во болниците низ земјава 330 пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 280 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири во текот на вчерашниот ден. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 24, на Институтот за ТБЦ 17, на Клиниката за нефрологија 16, на Клиниката за Гастроентерохепатологија 16 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти.