Делови од општина Карпош, вечерва се непристапни поради обилните врнежи од снег кој го зафатија главниот град. Граѓаните апелираат да се избегнуваат населбите Жданец и Трнодол бидејќи пристапот до нив е отежнат и ризичен.
На социјалните мрежи јавна критика за работата на градоначалникот упати и сопственикот на Радио Буба Мара, Ранко Петровиќ. Тој го обвини Богоев дека нагорните во населбата Жданец и Трнодол ги поминувал со опасна емулзија поради која вечерва станале лизгалишта.
– Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи од градоначалник на Општина Карпош кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија , за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира, стои во фејсбук објавата на Петровиќ.
Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.
За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило , другото само ќе си дојде, додаде тој.
Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи…
Posted by Ranko Petrovik on Saturday, February 13, 2021
Од општината Карпош вечерва испратија соопштение во кое велат дека Зимската служба на општина Карпош распрскува сол низ коловозот на целата своја територија, за да го олесни сообраќајот и движењето на граѓаните.
– Во моментов се работи на потешко пристапните улици во населбите Жданец, Трнодол, Козле (долж улицата „Ловќенска“) и Бардовци. Исто така, соодветната механизација е активна и во централните населби на Карпош, во т.н урбано јадро, додаваат тие.
Општина Карпош организираше и дежурни комунални служби, кои во текот на утрешниот ден ќе работат на расчистување на снегот пред пофреквентните зони. Од таму апелираат граѓаните да бидат одговорни и да користат зимска опрема во своите возила.