По 27 декември, кога се прогласи мораториум Општина Центар има издадено 21 одобрение за нови градби.
Нема да се гради зграда кај паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“, бидејќи тоа е земјиште од 27.12 минатата година е влезено во мораториум за градби или одлука за запирање на извршување на деталните урбанистички планови, вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
По 27 декември, кога се прогласи мораториум Општина Центар има издадено 21 одобрение за нови градби.
Според Богдановиќ 13 одобренија се издадени, бидејќи постапката за барање за одобрение за градење била почната пред да стапи на сила мораториумот, а меѓу нив е и одобрение за изградба на комплексот на „Лимак“ на Јужен булевар.
Останатите 8 одобренија се дадени за Детални урбанистички планови каде не важи мораториумот и тоа ДУП што опфаќа дел од Капиштец и Водно, ДУП Француски гробишта и ДУП Дуќанџик.
Денеска советот на општина Центар ќе ги разгледува нацрт развојните програми за општината во 2019 година.