Скопје 07. декември 2018. / 21:19

Блесна новогодишната елка на плоштадот во Скопје

Блесна новогодишната елка на плоштадот во Скопје

Вечерва на плоштадот во Скопје блесна новогодишната елка, како и првата новогодишна населба Винтерленд.

Осветлувањето беше надополнето со божикни песни што ги пееја 120 средношколци.

Меѓу присутните беше и градоначалникот Шилегов кој информираше дека во наредните денови ќе биде поставено и лизгалиштето, ќе се постави снежно игло за децата, топ што ќе произведува вештачки снег и најразлични содржини за сите возрасти.

Фото: Плусинфо