Скопје 13. март 2020. / 10:59

Билетарниците на ЈСП го кратат работно време

Билетарниците на ЈСП го кратат работно време

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје донесе одлука, согласно препораките и мерките за заштита и превензија од корона вирусот, да го скрати работното време на билетарниците.

-Ве информираме дека од утре, сабота (14.03.2020 год), билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе работат со скратено работно време, односно до 18 часот, информираат од ЈСП.

Одлуката, како што соопштуваат од ЈСП Скопје ќе важи во наредниот период, до идните препораки.