Скопје 31. јануари 2021. / 22:58

Без вода утре ќе остане дел од општина Карпош

Без вода утре ќе остане дел од општина Карпош

Утре без вода ќе остане дел од општина Карпош, информираат од ЈП Водовод и Канализација.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 01.02.2021 година (понеделник) поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф – 125 мм на ул. Скупи – место викано Криви Дол во периодот од 09:00 часот па се до завршување на реконструкцијата без вода ќе останат корисниците од ул. „Скупи“ и резиденцијата на Владиката во општина Карпош.