Скопје 02. декември 2020. / 09:15

Без вода корисниците од населбата 11 Октомври

Без вода корисниците од населбата 11 Октомври

Корисниците од населба 11 Октомври во општина Кисела Вода денеска од 12 часот ќе немаат вода, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа на бул. „Борис Трајковски“ кај „Пелагонија“ и ќе трае до завршување на интервенцијата.