Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Бутел и Центар.
Како што соопштија од РЦУК – Скопје, во периодот од 8:30 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од село Горно Соње, под-улиците од 1 до 15, Општина Сопиште.
Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од населбата Радишани на ул. „15“ (Пат за с.Побожје) од број 1 до број 228, Општина Бутел.
Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Питу Гули“, Општина Центар.