Без електрична енергија утре од 09.30 до 15.00 часот ќе бидат потрошувачите од село Варвара, Општина Студеничани, од 10.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. „Иван Цанкар“ во Општина Карпош, а од 9.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од ул.Малешевска 1 во Општина Кисела Вода.
Информацијата за прекинот во снабдувањето со струја ја соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, врз основа на известување од компанијата ЕВН Македонија.