Скопје 08. октомври 2020. / 23:00

Без струја утре повеќе делови од Скопје

Без струја утре повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Сердарот“ – улица 2, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ганчо Хаџи Панзов“ од бр.2 до бр.10, Општина Центар.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат објектот на магацинскиот простор на ТП Шмеки, како и околните објекти во негова близина, Општина Гази Баба.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Љубљанска„, Општина Карпош.

Во периодот од 13:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Осма Ударна Бригада“, како и корисниците од улицата „Вељко Влаховиќ“ бр.14, 16, 26 и 28, Општина Центар.