Скопје 29. декември 2019. / 09:30

Без струја утре делови од Карпош и Ѓорче Петров

Без струја утре делови од Карпош и Ѓорче Петров

Корисниците од булевар „Партизански одреди“, бр.165 во Ѓорче Петров утре (30 декември), во периодот од 9 до 10 часот ќе немаат струја поради планирани технички зафати во електросистемот.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија а.д., без електрична енергија утре од 9 до 14 часот ќе бидат и корисниците од зградите бр.7 и бр.8 на улица „Руѓер Бошковиќ“  и од зградите бр.4 и бр. 7 и индивидуалните објекти со броеви 2, 4 и 7 на ул. „Бранислав Нушиќ  во општина Карпош.