Скопје 28. јануари 2019. / 10:49

Без струја утре дел од Козле

Без струја утре дел од Козле

Без електрична енергија утре од 9 до 11 часот ќе бидат жителите на улицата „1010″, односно броевите 53 и 55, во населбата Козле, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Прекинот, како што информира РЦУК повикувајќи се на известување од ЕВН, е поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа.