Скопје 02. јули 2020. / 09:50

Без струја се делови од неколку општини во Скопје

Без струја се делови од неколку општини во Скопје

Од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија се делови од неколку општини во Скопје:

– Во периодот од 7:30 до 15:30 часот, продавниците лоцирани на пластичарската улица на пресек со ул. Исмаил Кадаре, корисниците од улиците Исмаил Кадаре и Кумбара, како и дел од корисниците од улиците Кримска и 138 (општина Чаир)

– Во периодот од 7:50 до 15:30 часот, корисниците од село Кучково (општина Ѓорче Петров)

– Во периодот од 8:30 до 11:30 часот, каменоломите на Титан Беровиќ и Гама Градба, корисниците од селата Осинчани, Елово, Црн Врв, Малчиште и Маркова Сушица, (општина Студеничани) Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Држилово, Ракотинци и Добри Дол, како и објектите на ловиштето Јасен (општина Сопиште)

– Во периодот од 8:30 до 13:30 часот, корисниците од село Добри Дол, лоцирани на потегот од црквата кон град Скопје (општина Сопиште)

– Во периодот од 8:30 до 18:00 часот, корисниците од селата Горно и Долно Соње, Света Петка, Чифлик и Говрлево, како и сите стопански и нестопански објекти на тој потег (општина Сопиште )

– Во периодот од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Бернард Расел (општина Ѓорче Петров).