Скопје 04. мај 2020. / 09:33

Без струја се делови од општините Аеродром и Чаир

Без струја се делови од општините Аеродром и Чаир

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, делови од општините Аеродром и Чаир ќе бидат без електрична енергија.

Од ЕВН најавија дека од 8.30 до 12.00 часот, ќе имаат прекин на електричната енергија корисниците од дел од улица Тодор Чангов, поточно делот од подулиците околу објектот на некогашната – Пелагонија, како и непарните подулици од број 35 до бр. 57.

Во периодот од 8.30 до 14.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица Стојко Јовановски дел од улица Максут Садиќ и дел од улица Пере Тошев во Општина Чаир.