Скопје 23. јуни 2020. / 09:27

Без струја се Црешево, Љубин и Варвара

Без струја се Црешево, Љубин и Варвара

Од ЕВН Македонија известуваат дека без електрична енергија денеска ќе бидат Црешево, Љубин и Варвара.

Во периодот од 9:00 до 12:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Црешево во општина Гази Баба, од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од село Љубин (општина Сарај), а од 9:00 до 16:00 часот корисниците од село Варвара (општина Студеничани).