Скопје 20. ноември 2020. / 10:25

Без струја повеќе делови на Скопје

Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази Баба.

Во периодот од 8.30 до 14 часот корисниците од улицата Славчо Стојменов (општина Кисела Вода), од 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците Борис Сарафов, Панајот Гиновски, Александар Македонски, Андреј Зограф, Ѓорче Петров и 4 Јули (општина Ѓорче Петров) и од 9.20 до 12.20 часот дел од корисниците од улицата 19 и улицата 38 во село Јурумлери, како и објектот на „Форнети“ (општина Гази Баба).