Скопје 02. јуни 2020. / 08:30

Без струја повеќе делови на Скопје

Без струја повеќе делови на Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Зелениково, Илинден и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од село Таор, Општина Зелениково.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе станат дел од корисниците од улиците бр. 8, бр. 400 и бр. 500 во село Марино, Општина Илинден.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат објектите на „Скопски Пазар” во населбата Тафталиџе 2, Општина Карпош.