Скопје 23. јули 2020. / 09:25

Без струја денеска делови од Аеродром, Центар Чучер Сандево

Без струја денеска делови од Аеродром, Центар  Чучер Сандево

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот во град Скопје и без струја ќе останат граѓаните во неколку општини:

– Во периодот од 7.20 до 15.30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улиците: Ташко Караџа, Лазар Поп Трајков и Мите Богоевски (општина Аеродром);

– Во периодот од 8.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата: Бањани, Горњани, Чучер, Мирковци и Рамно (општина Чучер Сандево);

– Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците: Христо Смирненски, со броевите 22, 23, 25, 26, 27, 28 и 29 (општина Центар) и

– Во периодот од 10.20 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците: Мите Богоевски, со броевите 21, 23, 25 и 27 (општина Аеродром).