Скопје

Без струја делови на Скопје

Без струја делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат во периодот од 6:00 до 10:30 часот дел од корисниците на ул. Козара од бројот 1 до бројот 20 и еден дел од улицата Шарски одреди (општина Центар).

Без струја во периодот од 8:30 до 12 часот ќе бидат и дел од корисниците на ул. Партизански одреди број 39 – зградата спроти Градежен факултет (општина Центар).

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот струја ќе немаат корисниците од село Сопиште улиците 1, 5 и 7 ( општина Сопиште), во периодот од 8:30 до 11:30 часот објектите на: Славија, ТВ – 24, Бетон Скрепер, Бриколаж, Нептун и бул. Војводина (општина Гази Баба ), а во периодот од 9:00 до 11:30 часот дел од корисниците на с. Катланово (потрошувачите од десната страна од автопатот Скопје – Велес (општина Петровец).