И покрај најавите од Град Скопје дека од есенва ќе ја преземе дистрибуцујата на топлинска енергија од Балкан Енерџи Груп (БЕГ) демантираат. Од менаџментот на компанијата тврдат дека и следната грејна сезона ќе продолжат со дистрибуција и редовно снабдување на скопјани со парно греење. Генералниот директор Кочовски вели дека БЕГ има 35 годишна лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, а тоа значи дека ќе продолжат со работа како и досега.
“Без никакви дилеми ќе има стабилен и сигурен почеток на грејната сезона, корисниците да не стравуваат за тоа. Нашата компанија и финансиски и технички и кадровски е спремна да ја продолжи успешната работа…..Да така е, ние имаме лиценца за 35 години“, изјави Димитар Кочовски, генерален дирекор на БЕГ.
Од Градот Скопје пак велат дека планираат да го преземат дистрибутивниот систем за парно врз основа на законски процедури без да се направи штета. А, деталите за тоа како ќе го направат ќе ги објават при реализација на планот. Во однос на барањето за отварање на стечај на компанијата БЕГ Производство, која е дел од Балкан Енергџи Груп, директорот вели дека нема да биде отворена стечајна постапка бидејќи компанијата е финансиски стабилна.
„Во тек е судска разврска со една компанија која што има побарување од нас кое сметаме дека е неосновано, тоа е тековен еден спор кој што е минорен. Далеку е нашата компанија од стечај“, вели Кочовски.
Од менаџментот на компанијата велат дека имаат намалување на тоштоците за работење, но се уште се прават пресметки за цената на парното. Таа зависи од Регуалторната комисија за енергетика и како ќе се движат берзите на енергенси. Новата корекција е дури во август.
Околу новата законка регулатива која предвидува поставување на калориметри на секој радијатор во новите згради, од БЕГ велат дека се подготвени за овој процес и дека тоа нема да значи поголеми сметки за граѓаните.