Новороденче кое се родило на Клиниката за гинекологија е заразено со коронавирус. Случајот го потврдија и директорката на Клиниката Викторија Јовановска, и министерот за здравство Венко Филипче.
Ниту бебето ниту мајката која исто така е позитивна немаат симптоми. Засега не се знае како се заразило бебето, и во тек се тестирања за да се утврди дали трансмисијата можеби настанал по вертикален пат, од мајката на плодот или пак е преку доење.
Првичните тестови и на мајката и на бебето биле позитивни, со тоа што мајката имала позитивен тест, но само на еден антиген, а не на двата потребни. Кај бебето сите три теста биле позитивни.Поради ова по препорака на Министерството дополнително се земени брисеви и се чекаат новите резултати за да се истражи дали е ова прв случај на вертикална трансмисија на вирусот.
Бебето и мајката од денеска се во домашна изолација.