Скопје 07. јуни 2018. / 09:51

Базенот Аеродром утре ќе биде отворен – влез бесплатен

Базенот Аеродром утре ќе биде отворен – влез бесплатен

Базенот Аеродром утре ќе биде отворен и за таа цел влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

Овој базен ќе биде отворен секој ден, од 10 до 18 часот, и исто како и изминатите години ќе функционира по принципот на членство. Сите заинтересирани потребно е на време да ги контактираат организаторите со цел да ја обезбедат својата членска карта.

Посетителите од ресторанот ќе можат да набават храна и пијалаци.

Базенот Аеродром нуди и професионална пливачка школа за која може повеќе да се дознае при посета на Фејсбук страницата.