Скопје 05. јануари 2021. / 11:10

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред за време на празниците

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред за време на празниците

Од ЈСП „Скопје“ инфпормираат дека утре, среда (6.01.2021 год) и четврток (7.01.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Утре, среда (6.01.2021 год), дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Во четврток (Божиќ) билетарниците нема да работат.