Скопје 09. мај 2020. / 09:28

Автобусите на ЈСП денеска возат во две смени

Автобусите на ЈСП денеска возат во две смени

Јавниот превоз во Скопје денеска функционира од пет до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од пет до девет и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.

Како што соопшти ЈСП, отворени од 7.30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Јавниот превоз утре ќе функционира во истите две смени по неделен возен ред.

Од 7.30 до 13 часот, утре, ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).