Авто-трката во организација на АКК Автоклиника која беше предвидена за 15 и 16 септември во Скопје нема да се одржи на овој термин, соопшти Автомобилистичката федерација на Македонија.
Од АФМ известија дека новиот термин за трката дополнително ќе биде одреден.
Во организација пак, на АКК Примо авј на 6 и 7 октомври во Скопје ќе се одржи авто-трка на патеката пред МТВ која ќе се бодува за Шампионатот на Македонија на кружни патеки и CEZ.
Повеќе информации за оваа трка организаторот ќе соопшти на прес-конференција.