Аква паркот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје оваа сезона нема да се отвори, соопштија оттаму.
Ве известуваме дека и покрај нашата голема желба и разгледување на сите можности за работа на Аква паркот во соработка со Комисијата за заразни болести, со оглед на моменталната состојба со корона вирусот, а со цел превенција од понатамошно ширење на истиот, донесена е одлука Аква паркот оваа сезона да не се отвори. Останете во добро здравје, се гледаме наредната година, велат од СЦ „Борис Трајковски“.